spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниДебрца: Активности за тампонирање на локални патишта во селата Издеглавје и Сливово

Дебрца: Активности за тампонирање на локални патишта во селата Издеглавје и Сливово

Во село  Издеглавје се извршени активности за тампонирање со гребен асфалт на патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км по барање на жителте на село Издеглавје.

По завршувањето на тампонирањето со гребен асфалт на патот до црквата “Св Димитрија”,село Издеглавје денес продолживме со тампонирање на патот до црквата “Св.Атанасије”,село Сливово,со што ќе се обезбеди полесен пристап на граѓаните до црквата и селските гробишта.

Тампонирањето го врши фирмата “Бис” Охрид,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.

Извор: Општина Дебрца

Прочитајте

МЕТ: Средба на министерот Дурмиши со амбасадорот на Катар, Јасим бин...

0
Северна Македонија и Државата Катар имаат голем потенцијал за унапредување на билатералната соработка на сите нивоа. Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и...