Градоначалникот Бобан Стефковски имаше посета на Клиниката за детски болести во Скопје каде што донираше високо квалитетни инвертер клима уреди кои содржат можност за управување од далечина и се со сериозна економска штедливост.
Оваа донација ја реализираме по завршената постапка од средствата собрани од манифестацијата Пивтијада, која традиционално се оддржува во Општина Гази Баба.
Клиниката за детски болести е местото во кое докторите се борат со предизвиците кои ги имаат стотици дечиња и обврска на сите чинители во општеството е да создаваме подобри и поквалитетни услови за лекување на нашите најмили.
Хуманоста е широк поим кој значи да се помага секогаш и секаде кога и да е потребно. Маката не познавата различност, ниту етничка, верска или било каква друга.
Извор: Општина Гази Баба