Со свечен настан, се одбележа започнувањето на реконструкцијата на спортската сала ДТВ „Партизан“ во Гевгелија. На воведувањето во градежните работи, присуствуваа градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов; претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицковски; министерот за локална самоуправа, Златко Перински; локални и државни функционери и голем број присутни граѓани.
Градоначалникот Сарамандов го истакна своето задоволство што овој репрезентативен објект, којшто е белег на градот, ја дочека својата реконструкција како ветена активност за реализација пред граѓаните во градоначалничкиот мандат.
– Со реконструкцијата на ДТВ „Партизан“, Гевгелија ќе добие мултифункционален спортски објект за : гимнастика, карате, кик-бокс, пинг-понг, баскет, шах и подобри услови за правилен развој на младите. Вкупната вредност на Проектот изнесува 16.377.030 денари, од кои 7.776.400 денари се сопствено учество на Општина Гевгелија, а 8.600.630 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа преку Биро за регионален развој- истакна Сарамандов.
Извор: Општина Гевгелија