spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Поставен нов летниковец на паркот кај Железничка

Гевгелија: Поставен нов летниковец на паркот кај Железничка

Акцијата на Општина Гевгелија за поставување урбана опрема на зелените паркови и јавните површини продолжува. Заменет е стариот летниковец со нов. Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, акцијата има за цел урбано менување на ликот на градот и опфаќа локации кои се посетени од граѓаните за прошетка, одмор и рекреација.

Изминатиот период, вакви летниковци, како и корпи за отпадоци и клупи беа поставени на повеќе места во Гевгелија и населените места, на зелените површини крај станбените комплекси и спортските игралишта.

ПОГЛЕДНЕТЕ👀👈

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте