spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГевгелија: Предадено во употреба изграденото мултифункционално игралиште во Давидово; Најавена изградба на...

Гевгелија: Предадено во употреба изграденото мултифункционално игралиште во Давидово; Најавена изградба на атлетска патека

Во посета на општина Гевгелија беше министерот за спорт на Република Македонија, Борко Ристовски. Заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го предадоа во употреба новото изградено спортско игралиште во Давидово. Со настан, на кој присуствуваа голем број функционери на локално и државно ниво, како и голем број жители, се означи завршувањето на градежните активности за подобрување на спортската инфраструктура во Давидово, со фудбалски натпревар на најмладите.

И, ова спортско игралиште е дел од серијата изградени игрaлишта во Гевгелија и населените места со средства од Буџетот на Општина Гевгелија. Изградени се: фудбалското игралиште со вештачка трева во дворот и кошаркарско игралиште во дворот на ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, фудбалско игралиште со вештачка трева и кошаркарско игралиште во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, кошаркарско игралиште „Сава Михајлов“ во Гевгелија, мултифункционалното игралиште во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“ во населеното место Негорци и мултифункционалното игралиште во населеното место Прдејци.

Исто така, министерот Ристовски и градоначалникот Сарамандов го посетија и спортскиот комплекс кај Касарната во Гевгелија, каде, исто така беа реконструирани мултифункционалните терени. Имено, најавија дека овој комплекс ќе добие атлетска патека, за чија израдба ќе инвестира Министерството за спорт. Сарамандов истакна дека локална самоуправа веќе ја подготвува потребната техничка документација, по што ќе следува реализација на проектот.

Изрази благодарност до Министерот за спорт зашто ќе го награди ентузијазмот и успешното функционирање на Атлетскиот клуб „7 Ноември“ од Гевгелија, којшто за кратко време остварија многу успеси, а истовремено го промовираа нашиот град со организација на трката November Run.

– Како љубител на спортот, сакам да ја поздравам одлуката на претседателот на Владата на Република Македонија, г-нот Христијан Мицковски, што после дваесет и повеќе години повторно добивме Министерство за спорт. Верувам дека Министерот и неговиот тим со целото свое искуство и знаење и со многу работа ќе го подигнат спортот на повисоко ниво, за што нормално ќе биде потребно време со оглед на условите кои во моментот ги имаат спортистите- истакна Сарамандов.

ПОГЛЕДНЕТЕ 👀👈

Извор: Општина Гевгелија

Прочитајте