spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и...

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие, додека пак новата Влада е нивен партнер

Лозарите со претходната Влада на СДСМ беа оставени сами на себе и понижени со ниската откупна цена.

Затоа го прашуваме СДСМ зошто од април месец кога е донесен Законот, Министерството не ја донело Методологија и избрало научна институција за пресметување на цената.

Ако СДСМ навистина сакале да им помогнат на македонските лозари немало да ги уништат со толку ниски откупни цени.

Минатата година таа изнесуваше 12-13 денари по килограм предадена „Смедеревка“ и 15-17 денари, а по килограм предаден „Вранец“, додека пак изминатите години беше уште пониска.

Лозарите Владата на СДСМ ќе ја паметат во тоталното безредие.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партнер на лозарите со тоа што производната цена на двете најзастапени вински сорти која што согласно Законот за вино е зголемена за 25% како добивка на лозарите, и Вранецот за килограм изнесува 20,8 денари, а килограм Смедеревка изнесува 18,3 денари.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...