spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски: Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во...

МЗШВ: Трипуновски: Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со земјоделците во општина Чешиново Облешево.

На самата средба министерот посочи дека оризот ќе биде под силна поткрепа и заштита.

„Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви, тоа е успех и гаранција за македонските оризопроизводители“ – потенцираше Трипуновски.

Со земјоделците се разговараше за состојбата со оризопроизводителството, проблемите кои беа присутни изминативе години, но и за овогодинешната реколта.

„Македонскиот ориз нема да остане неоткупен, домашното производство и маката на земјоделците ќе се вреднува. Заврши времето кога се увезуваше ориз од Индија и Пакистан. Го враќаме брендот „македонски ориз“ на својот препознатлив квалитет во регионот“, истакна Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...