Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска соопшти дека се исплатени субвенциите за мерките 2.12 дополнителни директни плаќања од подмерка 2.08 и 2.10 за предадено јагне и или јаре во регистриран кланичен капацитет.
– Денес се исплатени 75.640.400 денари кои ќе им бидат на располагање на сметките на земјоделците.
-Остварено уште едно ветување дека ќе го средиме хаосот со исплатите на субвенциите, само со чесна, со одговорна и посветена работа во интерес на нашите земјоделци! – Изјави Трипуновски.
Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство