Врз основа на член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица„ бр 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), како и потребата за реализација на донесената Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот за 2024 година – Програма G1, Поддршка на ЛЕР , составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024 година, бр 08-11072/1 од 28.12.2023 година, соодветно на Одлуката за усвојување, односно Одлуката за извршување на Буџетот за 2024 година, донесени на седница на Совет на општина Струмица одржана на 28.12.2023 година, бр 08-11038/1 од 28.12.2023 година и 08-11039/1 од 28.12.2023 година, ( „Службен гласник на општина Струмица бр 19/2023“), и во таа насока потребата од спроведување на поединечната постапка за реализација на АКТИВНОСТ БР. 1.2.унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, подактивност 1.2.1. Административна помош во функција на потребите на земјоделците како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за предприемништво и поддршка на земјоделството –Центар за одржлив развој во Општина Струмица, соодветно на Планот за реализација на поединечни активности од Програма G1, Поддршка на ЛЕР за 2024 година, одобрен од Градоначалникот на општина Струмица, заверен во општинска архива под број 09-580/2 од 29.01. 2024 година, Градоначалникот на општина Струмица објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
за
Избор на стручно обучено лице
за Административна помош за земјоделците како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за предприемништво и поддршка на земјоделството во Општина Струмица за 2024 година, Регионален центар за одржлив развој во Општина Струмица, односно оперирање со дигиталната веб платформа составен дел на центарот како и организрање и спроведување на активности од областа на земјоделството како појдовна основа за развивање и унапредување на современото земјоделско и органско производство, дел од работата на Регионалниот центар за одржлив развој за 2024 година, соодветно на потребата за реализацијата на АКТИВНОСТ БР. 1.2.Унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, подактивност 1.2.1. Административна помош во функција на потребите на земјоделците како дел од работата и функционирањето на центарот.
- Потреба на јавен повик
Општина Струмица преку Одд за ЛЕР како надлежно одделение за развивање и унапредување на Локалната економска политика а со цел потикнување и стимулирање на младите идни предприемачи-земјоделци заради нивно вклучување во заедницата како активни чинители, уште повеќе потикнување, стимулирање и вклучување на младите земјоделци во современото земјоделско производство низ примената на новите дигитални можности како нови иновативни начини и модели на развивање и унапредување на земјоделството во локалната заедница, односно струмичкиот и василевскиот регион во рамките на имплемнтацијата на Проектот „Унапредување на Локалниот економски развој и руралниот одржлив развој во сите сегменти на меѓуопштинската соработка помеѓу Општините Струмица и Василево со посебен осврт на земјоделството низ процесот на примената на современи дигитални алатки“ како обврска за продолжување на одрржливоста на Регионалната канцеларија со Обучен центар за поддршка на земјоделството, туризмот и одржливиот економски развој во струмичкиот микрорегион именуван како Регионален центар за одржлив развој на Струмица и Василево, согласно поединечна спроведена процедура анагажира стручно обучено лице кое за период од 12 месеци(стапување во сила на договорот) за целиот приод на 2024 година, активно ќе придонесува во функција на потребата, соодветно на Планот за реализација на поединечни активности од Програма G1, Поддршка на ЛЕР за 2024 година, опфатена со реализација на активност бр 1.2, подактивноста 1.2.1.
Во таа насока Одд за ЛЕР како надлежно одделение, заради непречено функционирање и работа- одржливост на РЦОР, започнува јавна транспарентна постапка за избор на стручно обучено лице за административна помош и поддршка на земјоделците-оперирање со дигиталната веб платформата, составен дел на центарот како и организрање и спроведување на активности планирани како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за одржлив развој за 2024 година низ неколку клучни области на делување во функција на потребите на целните групи од областа на земјоделството.
- Цел на јавниот повик
Целта на јавниот повик е Градоначалникот на општина Струмица во рамките на своите овластувања, преку надлежното Одд за ЛЕР, да спроведе јавна транспарентна постапка заради обезбедување на дополнителен човечки ресурс (стручно обучено лице) кое за период од 12 месеци (по потпишување на договорот) ќе работи по два часа, пет работни дена во неделата и во целост ќе одговори на потребите за непреченото функционирање на РЦОР во насока на реализација на планираната АКТИВНОСТ БР. 1.2.Унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, Подактивност 1.2.1. Административна помош во функција на потребите на земјоделците како дел од работата и функционирањето на центарот, дел од Програма G1, Поддршка на ЛЕР, во функција на постигнување на општата цел „Дигитализирани млади предприемачи и земјоделци, зголемени приходи, задоволни граѓани -засилена локална и регионална економија“.
За таа цел, во рамките на процедурата Градоначалникот на општина Струмица именува Комисија за спроведување на Јавен повик за избор на стручно обучено лице за оперирање со дигиталната платформата, составен дел на центарот како и организрање и спроведување на активности планирани како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за одржлив развој за 2024 година низ неколку клучни области на делување во функција на потребите на целните групи, која има за задача:
- Во рок од 5 работни дена по истекот на крајниот рок за пријавување на Јавениот повик:
- Да ја разгледа пристигната комплетна документација од пријавените кандидати наведена во јавниот повик;
- Да подготви листа на кандидати кои ги исполнуваат критериумите наведени во јавниот повик;
- Да изготви Записник од извршена евалуација со предлог бодовна листа на кандидати;
- Да достави до Градоначалникот на општина Струмица Записник со предлог бодовна листа на кандидати, согласно која во понатамошна постапка Градоначалникот донесува Решение за избор на стручно обучено лице за оперирање со платформата составен дел на центарот како и организрање и спроведување на активности планирани како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за одржлив развој за 2024 година низ неколку клучни области на делување во функција на потребите на целните групи, соодветно на потребата за реализацијата на Активноста1.2-подактивност 1.2.1;
- Во понатамошна постапка да го заврши целиот процес :
- По донесувањето на Решението од Градоначалникот во рок од 5 дена писмено да ги извести сите пријавени кандидати за изборот согласно Решението;
- Решението јавно да го објави на општинската веб страница;
- Во соработка со општинската правна служба да подготви правен документ(Договор за Услуга) и истиот да го достави на одобрување и потпишување до двете договорни страни;
- По потпишувањето на Договорот со избраниот кандидат:
- Во целост да го следи постапувањето и исполнувањето на обврските на избраниот кандидат произлезени од самиот договор и да реагира соодветно и навремено согласно потребата;
- Да ја следи работата на избраниот кандидат со кој се склучува договорот во функција на напредокот, достигнувањата и резултатите од функционирањето на Регионалниот центар за одржлив развој сместен во просториите на повеќенаменскиот центар, сопственост на Општина Струмица;
- Да подготвува извештаи со кои пред Градоначалникот на општина Струмица, Советот на општина Струмица, донаторот и пошироката јавност во локалната заедница ќе известува за реализацијата на активностите произлезени од работата и функционирањето на центарот во 2024 година од страна на општината како една од потписничките на договорот за меѓуопштинска соработка во чии рамки е потврдена заложбата на двете општини за идната одржливост на заедничкиот центар;
Поточно, планираните финансиски средства во вредност од 200.000,00 денари во Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2024 година, Програмата Г1 поддршка на ЛЕР во АКТИВНОСТ БР. 1.2.Унапредување на земјоделството и подобрен квалитет на живот во руралните средини, Подактивност 1.2.1. Административна помош во функција на потребите на земјоделците како дел од работата и функционирањето на центарот, ги стави во функција на потребата како општинска финансиска поддршка на функционирањето на истиот во 2024 година.
3.Право на учество
На Јавниот повик право на учество имаат:
- Сите заинтересирани граѓани (физички лица со завршено ВСС) жители на општина Струмица кои имаат доволно капацитет и стручност да одговорат на обврската согласно потребата за која се објавува јавниот повик.
- Потребни документи за пријавување
Кандидатите кои пројавуваат интерес на јавниот повик треба да достават комплетна документација:
- Пријава даена во прилог на Јавниот повик
- Копија од лична карта како доказ за жител на Општина Струмица;
- Диплома за завршено високо образование (Факултет за земјоделски науки )
- Автобиографија(CV) со прилози сертификати и други докази за стекнато знаење искуство и придонес во областа на земјоделието, заштита на почвата и животната средина;
- Потврда за помината обука за оперирање со веб платформа ќе се смета за предност;
- Во прилог на документацијата посебно разработен концепти за реализација на посебни активности како појдовни основи за понатамошбното делување и унапредување на земјоделието во струмичко- василевскиот регион како дел од работата и функционирањето на регионалниот центар за одржлив развој на Струмица и Василево.
- План и временска рамка за реализација на активностите;
Напомена:
Секој недостаток на било кој од наведените документи е елиминаторен критериум!
- Критериуми за избор
- Комплетна документација;
- Содржајност на автобиографијата;
- Содржината (реална остварливост на концептите-палновите за реализација на трите активности );
- Респоредот на расположивите општински буџетски средства во функција на потребата;
6.Начин на пријавување на јавниот повик
Потребната документација за пројавување на интерес по објавениот Јавен повик се доставува во затворен плик по пошта, на адреса Општина Струмица, ул.„Сандо Масев“ бр.1, 2400 Струмица или на рака во архивата на Општина Струмица со назнака на предната страна од затворениот плик „ За Јавен повик за Пројавување интерес за Избор на стручно обучено лице“ за Административна помош за земјоделците како дел од работата и функционирањето на Регионалниот центар за предприемништво и поддршка на земјоделството во Општина Струмица за 2024 година, Регионален центар за одржлив развој во Општина Струмица,
Јавниот повик е со важност од 15 работни денови, вклучително и денот на објавувањето на Јавниот повик на општинската веб страница.
Извор: Општина Струмица