spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Градоначалникот Костадинов со предлог за 0 денари за приклучок на гас...

Струмица: Градоначалникот Костадинов со предлог за 0 денари за приклучок на гас за домаќинствата, на потег е Советот на Општината

За градоначалникот Костадин Костадинов одговорното менаџирање со Општината значи носење на одговорни одлуки во корист и интерес на граѓаните од страна на Советот на општина Струмица. Токму нова и одговорна одлука промовираше на прес конференција за субвенционирање на домаќинствата за целосно ослободување од надоместокот за приклучок на гасификационата мрежа во износ од 46.943 денари по домаќинство.

-Да се превенира одредена појава не значи таа да се дискутира само тогаш кога тоа ни се случува како што е загадувањето, и затоа денеска сакаме да најавиме дека од понеделник Советот ќе биде исправен пред носење на огромна одлука, а тоа е субвенција на домаќинствата за целосно ослободување од надоместокот за приклучок на гасификационата мрежа во износ од 46.943 денари по домаќинство.

Првата мерка – директно субвенционирање на цената на гасот од 10 денари по метар кубен гас, ќе остане важечка, а на годишно ниво ќе определуваме 5 милиони денари како трансфер до „Струмица гас“, а граѓаните ќе треба само да ги заменат дрвата и пелетите со приклучок на гасификационата мрежа и како доказ да достават една платена фактура за да ја добијат субвенцијата. Оваа мерка ќе ја реализираме по принципот прв дојден прв услужен по објавувањето на Јавниот повик од страна на Советот на општина Струмица

Апелирам и мотивирам што поголем број граѓани да ги искористат овие бенефиции што ги нудиме. Природниот гас е најдобрата инвестиција којашто ја има Струмица и да ги искористиме нејзините благодети за почист воздух и поздрава животна средина, рече градоначалникот Костадинов.

На прес конференцијата, покрај дел од членовите на Советот присуствуваше и директорот на  ЈПЕД „Струмица гас“, Благој Милановиќ којшто потенцираше дека цената на гасот во последните три месеци е непроменета и стабилизирана и сега еден киловатчас се наплаќа по 5,21 денари, односно со субвенцијата од Општината таа изнесува 4,3 денари. Тој додаде дека инвестицијата која граѓаните треба да ја направат за да се префрлат на природен гас ќе им се исплати за неколку години и е поисплатлива од другите енергенси.

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...