spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: ЈАВЕН ПОВИК избор на партнер организација за обезбедуванње на одржлив економски...

Струмица: ЈАВЕН ПОВИК избор на партнер организација за обезбедуванње на одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности

Врз основа на  член 50 и член 63 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02) и член 39 од Статутот на Општина Струмица („Службен гласник  на Општина Струмица„ бр  4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), како и  потребата за реализација на донесената Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот за 2024 година – Програма G1, Поддршка на ЛЕР , составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024 година, бр 08-11072/1 од 28.12.2023 година, соодветно на  Одлуката за усвојување, односно Одлуката за  извршување на Буџетот за 2024 година, донесени на седница на Совет на општина Струмица одржана на 28.12.2023 година, бр 08-11038/1 од 28.12.2023 година и 08-11039/1 од 28.12.2023 година,  ( „Службен гласник на општина Струмица  бр 19/2023“),  и во таа насока потребата од спроведување на поединечната постапка за реализација на Активноста бр 1 .1. Исполнување на дел од стратешка цел : Обезбедување на одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности, односно реализација на две поединечни активности 1.1.2, „Изготвување на студија за потребите, можностите и пречките со кои се соочуваат деловните жени од Општина Струмица и 1.1.3. Развој на програма за обука за подобрување на вештините за деловно управување со бизниси-Старт апи раководени од млади лица, соодветно на  Планот за реализација на поединечни активности од Програма G1, Поддршка на ЛЕР,   одобрен од Градоначалникот на општина Струмица, заверен во општинска архива под број 09-580/2 од 29.01. 2024 година,  Градоначалникот на општина Струмица објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

 За  избор на партнер организација заради реализација на две посебни активности  составен дел на Г1 Програмата, Поддршка на ЛЕР за 2024 година, во функција на  исполнувањето на првата стратешка цел : „ Обезбедувањето на одржлив економски развој и конкурентки инвестициски можности“ дел од Стратегијата на Општина Струмица за ЛЕР, планирани  во 2024 година.

Предмет на јавниот повик

Планираните/предвидените финансиските средства за реализација на Активноста бр 1 .1. Исполнување на стратешка цел : „Обезбедување на одржлив економски развој и конкурентни инвестициски можности“, односно реализација на двете поединечни активности 1.1.2, „Изготвување на студија за потребите, можностите и пречките со кои се соочуваат деловните жени од Општина Струмица  за која има планирано финансиски средства во висина од 200.000,00 денари и 1.1.3. Развој на програма за обука за подобрување на вештините за деловно управување со претпријатија, односно бизниси-Старт апи, раководени од млади лица за која има планирано финансиски средства во висина од 200.000,00 денари, дел од Активноста бр 1. Реализација на планирани приоритети од Стратегијата за ЛЕР 2022-2026 година, воедно дел целокупната Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на Локалниот економски развој и туризмот за 2024 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024 година,  да ги стави на располагање на партнер имплемнтирачка организација со доволно силен капацитет и експертиза за да одговори на потребата.

Реализацијата на оваа активност  се спроведува согласно посебно спроведената јавна и транспарентна постапка-процедура која вклучува постапка за избор на партнер  имплемнтирачка организација во рамките на објавен „Јавн повик“!

Напомена:

Реализацијата на   двете посебни активности кои се предмет  на Јавниот повик се планира да бидат имплемнтирани од страна на избраната партнер организација како два засебни концепти  посебно разработени, детално опишани и објаснети во апликацијата со која потенцијалните организации ќе се јават на јавниот повик.

Цел на Јавниот повик

Реализација на две посебни активности и тоа:

Активност 1.1.2. „Изготвување на студија за потребите, можностите и пречките со кои се соочуваат деловните жени од Општина Струмица  за која има планирано финансиски средства во висина од 200.000,00 денари, или спроведување на посебен процес за партиципативна подготовка и изработка на :

Студија за потребите, пречките и можностите со кои се соочуваат деловните жени од Општина  Струмица

Како:  квалитативна студија која ги истражува потребите, пречките и можностите со кои се соочуваат деловните жени од општина Струмица кои водат бизнис во оваа општина. Со една единствена цел да  ги потенцира искуствата на деловните жени и нивните перспективи во процесот на унапредување на Локалниот еконмски развој во Општина Струмица, со јасно разработени активности за постигнување на:

Целите на студијата

  • Да се ​​посочат проблемите со кои се соочуваат деловните жените претприемачи во о. Струмица
  • Да се ​​мапираат главните фактори кои влијаат на развојот на женското претприемништво во Општина Струмица
  • Да се предложат мерки потребни за подобрување на состојбата на деловните жени во Општина Струмица.

Со опфат на  следните аспекти:

– (ограничен) пристап до финасиски ресурси

– социјални и културни бариери

– (недостаток) на вештини и деловно знаење

– вмрежување, менторство и коучинг

– владина поддршка на бизнисот.

Поточно, Студијата треба да покаже со кои предизвици и пречки се соочуваат деловните жени во 2024 година, со осврт кон пристапот до финансиски ресурси, (недостаток на) деловни вештини, социјалните стереотипи и родова дискриминација; начините кои ги користат  да ги надминат тие предизвици, достапните форми за вмрежување, стекнување нови вештини и искористување на нивниот социјален капитал. Студијата предлага програми и мерки кои се однесуваат на специфичните предизвици на деловните жените и обезбедуваат поддршка потребна за раст и успех која ќе биде идна општинска алатка во процесот на унапредување и развивање на женското предприемништво во Општина Струмица.

Активност 1.1.3. Развој на Програма за обука за подобрување на вештините за деловно управување со претпријатија, односно бизниси-Старт апи, раководени од млади лица за која има планирано финансиски средства во висина од 200.000,00 денари, или спроведување на посебен процес за партиципативна подготовка и изработка на :

Програма

за

Подобрување на вештините за деловно управување на претпријатија во сопственост и управувани од млади лица

Како, збир на основни вештини што им се потребни на современите професионалци за да се истакнат и да успеат во деловниот свет. Истите треба да  опфаќаат бројни меки вештини како што се ефективна комуникација или управување со времето, како и специфични технички вештини уникатни за секоја индустрија. Поточно како  владеење на алатки и технологии кои придонесуваат за професионален развој и раст на современите вработени, покривајќи низа компетенции клучни за различни работни места, како што се: донесување одлуки, критичко размислување и решавање проблеми.

Фази на изработка на Програмата:

– Анализа на постоечки Програми за поддршка на млади сопственици на бизниси, менаџери и тековни и идни претприемачи во странство –  пред се во САД и земјите од ЕУ, а спроведувани од организации како што се ЕБОР, организации за поддршка на бизнисот  и останати релевантни институции.

– Идентификување на најрелевантните вештини за доминантните сектори во Општина Струмица и дизајнирање на соодветни тренинг програми

– Креирање на Програма со 8 модули кои ги опфаќаат следните теми:

  1. Составување и управување со тим
  1. Решавање проблеми
  1. Лидерство
  1. Ефикасна комуникација
  1. Маркетинг вештини
  1. Управување со времето
  1. Пристап до финансии
  1. Пристап до деловни совети

Цели на програмата:

– Активна промоција на идејата дека континуираното учење е клуч за индивидуалниот раст и колективниот успех.

– Промоција на т.н. “Социјално учење“ , познато и како „Учење преку модел“ кое опфаќа споделување искуства, совети и ресурси од лица кои имаат практично бизнис искуство, кое се покажува како идеален систем за учење за развој на нови вештини кај лица сопственици и управители на бизниси, заради стекнуваат знаења и вештини преку социјална интеракција.

– Градење на капацитетите на младите основачи и управители на бизниси, заради инвестирање во стабилна бизнис средина во која должината на животниот век на фирмите ќе биде зголемена а стапката на згаснување на фирми ќе се намали.

Право на учество

Како организации кои можат да се јават на Јавниот повик  се определуваат Здруженијата  на граѓани регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16),.

Подобност на подносител на пријавата (апликант)

  • Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата –организациите кои учествуваат на овој повик се:

– Здруженијата/организациите кои се јавуваат на Јавниот повик  да се регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 52/10, 135/11 и 55/16);

– Здруженијата регистрирани на територија на Општина Струмица кои се јавуваат на Јавниот повик  а  ги исполнуваат критериумите ќе имаат предност пред другите организации регистрирани надвор од територијата на Општина Струмица;

– Остварување на програмите и дејствувањето на Здруженијата кои се јавуват на Јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија и во рамките на нив сериозно да ја третираат областа на делување;

– Здруженијата кои се јавуваат на Јавниот повик во прилог на пријавата  да прикажат-достават Портфолио на организацијата во кое јасно ќе се гледа нивниот досегашен придонес и работа во областа на делување соодветно на потребата, како и биографии на главните вклучени лица со кои се докажува стручноста и експертизата на истите вклучени во целокупниот процес на реализацијата на двете активности предмет на Јавниот повик;

– Здруженијата кои се јавуваат на Јавниот повик во прилог на пријавата да прикажат-достават   прецизно разработени два посебни концепти по двете активности предмет на Јавниот повик во слободен формат (во прилог на пријавата), односно целокупната документација со вклучен временски распоред на сите посебни поединечни активности во рамките на  двете посебни активности со јасен прикажан буџетски трошок по опишани буџетски линии и количини составен дел на двата посебни концепти.

Напомена:

– Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на Јавниот повик како апликанти може да настапуваат самостојно или да вклучат и други организации како соработници/партнери или поединци како стручни лица исклучиво од Општина Струмица (таквите апликации ќе имаат предност), односно Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на Јавниот повик како апликанти  мора да  аплицираат за Реализацијата на двете активности. 

Времетраење на реализацијата на проектните активности (реализацијата на програмата)

Реализацијата на двете  активности односно двата посебно разработени концепти со поединечно јасно и прецизно опишани активности дел од секоја посебна подактивност(концепти) јасно навдена погоре во Јавниот повик, мора да бидат со опфат за период од  6 (шест)месеци од денот на стапување на сила на  дополнително склучениот договор за партнерска соработка со избраната партнер организација.

Поточно:

  •  Сите поединечни активности кои апликантот ќе ги планира и прикаже во разработените посебно два концепти за реализација на двете посебни активности  согласно планираните расположиви општински финансиски средства за таа намена, дел од Г1 Програмата-Поддршка на ЛЕР за 2024 година, мора да се спроведат-реализраат во рамките на шест месечен период согласно планот и динамиката кои ќе биде прикажани во временскиот распоред составен дел на пријавата(целокупната документација) со која апликантот се пријавува на Јавниот повик, односно со отстапки по претходно поднесено писмено барање до општината, со образложение за причината.

Потребна документација која Здружението треба да ги достави како апликант .

Апликантите кои се јавуваат на јавиот повик мора да достават комплетна документација!

Основни документи:

1 . Пријава – Слободна верзија на разработени посебно два концепти кои се однесуваат посебно на секоја активност погоре наведени во Јавниот повик;

2.  Временски распоред на посебни активности во рамките на двата посебни концепти;

3Преглед на Буџет  (прикажани трошоци во рамките на посебни буџетски линии, посебно за секоја активност) прикажани во Excel формат, кој ги покриваат општинските финансиски средства;

Задолжителните дополнителни документи:

  1. Тековна состојба на здружението/организацијата  не постаро од 6(шест) месеци;
  2. Копија од важечка потврда/решение за регистрација на здружението на граѓани во земјата (за носителот на апликацијата/подносителот и евентуални партнери),
  3. Копија од статутот на здружението на граѓани (подносителот и партнерите),
  4. Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба) заверен од надлежна институција за финансиско работење или овластен сметководител,
  5. Профил/Портфолио на здружението на граѓани  со листа на реализирани проекти во предходните години, финансиски поддржани од Општина Струмица или од други извори на финасирање(домашни и странски организации);
  6. Годишна Програма на активностина здружението/апликант за 2024 година;

Начин на достава на  документацијата-пријавата

Целокупнара документација во еден примерок во печатена форма и еден во електронска форма  на CD или USB, уредно потпишани од Претседателот на организацијата, или друго овластено лице за потпис, заверени со печат на Организацијата, спакувани во еден пакет, како поднесок се доставуваат на рака или по пошта  во Архива на општина Струмица, на адреса:

Општина Струмица

Адреса: ул. „Сандо Масев“ бр.1,

 2400 Струмица

Крајниот рок за поднесување на апликациите(комплетната документација) е 30 дена,  сметан и  денот на објавување на јавниот повик!

Напомена:

За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта, во запечатен единечен пакет-плик во работни денови (понеделник до петок), од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот Во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои:

Назнака За  избор на партнер организација заради реализација на две посебни активности  составен дел на Г1 Програмата, Поддршка на ЛЕР за 2024 година, заради исполнувањето на првата стратешка цел : „ Обезбедувањето на одржлив економски развој и конкурентки инвестициски можности“ дел од Стратегијата на Општина Струмица за ЛЕР планирани  во 2024 година.

Активност 1.1.2. „Изготвување на студија за потребите, можностите и пречките со кои се соочуваат деловните жени од Општина Струмица;

 Активност 1.1.3. Развој на програма за обука за подобрување на вештините за деловно управување со претпријатија, односно бизниси-Старт апи, раководени од млади лица

Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на утврдениот рок за аплицирање нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по пошта после утврдениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој не е покасно од утврдениот  краен рокПримената документација  не се враќа!

Важна информација за сите апликанти составен дел на јавниот повик:

  • Градоначалникот на општина Струмица, како дел од целокупната постапка/процедура  ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, (ќе именува членови на Комисија за спроведување на Јавен повик) која што врз основа на доставената документација за исполнување на критериумите, во рок од 5 (пет) дена по завршување на рокот за доствување на пријавите од Јавниот повик, до Градоначалникот ќе достави Мислење  со предлог листа за избор на партнер организација заради реализација на  подактивностите 1.1.2. „Изготвување на студија за потребите, можностите и пречките со кои се соочуваат деловните жени од Општина Струмица и 1.1.3. Развој на програма за обука за подобрување на вештините за деловно управување со претпријатија, односно бизниси-Старт апи, раководени од млади лица, дел од Активноста бр 1. Реализација на планирани приоритети од Стратегијата за ЛЕР 2022-2026 година, како дел целокупната Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот за 2024 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024;
  • Врз основа на доставеното Мислење од Комисијата за спроведување на Јавниот повик,  Градоначалникот на општина Струмица, ќе донесе Решение за избор на граѓанска  организација (партнер организација);
  • Во рок од 3 (три) дена од објавувањето на Решението за избор на партнер организацијата, објавено на официјалната веб страница на општината, Градоначалникот на Општина Струмица ќе склучи Договор за партнерска соработка со избраната организација  која во период од 6 месеци по стапувањето во сила (важноста) на договрот ќе ги имплемнтира сите поединечни активности од прифатените два посебни концепти кои директно се однесуваат на реализацијата на горенаведените подактивности;
  • За Следењето на реализацијата на партнерската соработка за целиот период на имплемнтацијата ќе биде задолжена Комисијата за спроведување на Јавниот повик;                                                                   

Во прилог линк од достава на информација за започнување на реализација на подактивностите 1.1.2 и 1.1.3 ЛИНК

Во прилог линк од решение за комисија по јавен повик за актиностите 1.1.2 и 1.1.3 ЛИНК

ОПШТИНА СТРУМИЦА

                                                                          ГРАДОНАЧАЛНИК                                                                     

Костадин Костадинов

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...