spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Јавен повик за поддршка на стартап бизниси за 2024/2025 година

Струмица: Јавен повик за поддршка на стартап бизниси за 2024/2025 година

 ЈАВЕН ПОВИК

  • Прв сегмент:

За прибирање на пријави од  Граѓански организации или приватни компании од областа на предприемништвото, водењето бизнис, старт апи и бизнис менторство, со доволно капацитет, искуство и расположива експертиза, заради спроведување на процес за  градење на капцитети на млади невработени лица од Општина Струмица како дел од реализацијата на планираната  Подактивност бр 1.3.1, составен дел на  Програмата за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот-G1Програмата,Поддршка на ЛЕР за 2024 година;

  • Втор сегмент:

За пријавување и вклучување на  млади невработени лица од Општина Струмица во процесот на зајакнување на нивните капацитети со единствена цел   започнување на  свои сопствени бизниси во 2024/25 година во рамките на спроведувањето на  процесот;

Предмет на јавниот повик

  • Планираните/предвидените финансиските средства во вкупна вредност од 500.000,00 денари    за реализација на АКТИВНОСТ 1.3. Исполнување на дел од СТРАТЕШКА ЦЕЛ 5. КРЕИРАЊЕ НА ВИСОКО КВАЛИФИКУВАНА И ОБУЧЕНА РАБОТНА СИЛА, како дел од   Реализацијата на планирани приоритети од Стратегијата за ЛЕР на Општина Струмица 2022-2026, односно Подактивноста 1.3.1. Формирање на Фонд за поддршка на претприемништво за имплементација на обуки, консултантство, менторирање, коучинг со цел спроведување на процес за градење на капцитетите на малдите лица за започнување на сопствени бизниси во рамките на старт апи за млади соодветно на  Планот за реализација на поединечни активности од Програма G1, Поддршка на ЛЕР,   одобрен од Градоначалникот на општина Струмица, заверен во општинска архива под број 09-580/2 од 29.01. 2024 година, односно ( 200.000,00 денари како трошок за спроведување на сите активности опфатени со процесот-понудата од  страна на партнер имплемнтирачката организација и 300.000,00 денари кои се доделуваат како награден фонд или финансика поддршка на ново регистрираните 5 старт апи) да бидат ставени во функција на потребата на имплемнтација на целиот процес;
  • Спроведување на јавна и транспарентна постапка-процедура која вклучува постапка за избор на организација или компанија  (партнер организација- имплемнтирачка организација) во рамките на објавен „Јавен повик“ како и избор и вклучување на млади невработени лица од Општина Струмица кои пројавуваат интерес за вклучување во процесот заради градење на сопствените капцитети во насока на започнување/стартување на свои сопствени бизниси во рамките на нови старт апи !

За повеќе информации на јавниот повик да дадениот ЛИНК

Извор: Општина Струмица

Прочитајте

Карпош: Градоначалникот Јакимовски на одбележувањето на денот на Тиват

0
Четиричлена делегација од Карпош предводена од градоначалникот Стевчо Јакимовски, членот на Општинскиот Совет, Александар Илиески и директорките на основните училишта „Димо Хаџи Димов“ и...