spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска - Претходната Влада потпишуваше популистички колективни договори, без да води...

МОН: Јаневска – Претходната Влада потпишуваше популистички колективни договори, без да води сметка дали државата може да го поднесе товарот

Верувам дека кај одреден број просветни работници ќе има негодување и незадоволство од мојата најава за покачување на нивните плати за 12% проценти во март следната година. Сигурно ќе бараат причини и луѓе кои треба да бидат обвинети зошто нема покачување годинава и претпоставувам дека најсилниот удар ќе го трпи СОНК. Но, морам да кажам дека раководството на синдикатот инсистираше да се направи нешто друго, годинава. Сепак, да бидеме реални – ние немаме дупка во буџетот, ние имаме кратер и не постои можност за зголемување на платите до крајот на 2024, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 ТВ.

„Претходната Влада направи такви промени кои нè доведоа на работ на сиромаштијата. Потпишуваше популистички колективни договори, без да води сметка дали државата може да го поднесе товарот од истите. И тоа го правеше токму пред избори заради политички поени. Веќе посочив дека средства за зголемените плати на професорите на пет државни универзитети биле обезбедени само до јуни месец, а до крајот на годината моравме да ги обезбедиме со ребалансот“, потенцираше Јаневска.

Министерката рече дека секогаш ќе биде на страната на наставниците и дека знае какви ветувања давала пред изборите во мај и тие ќе се реализираат.

„Наставниците очекуваат подобро и заслужуваат подобро. Но, убедена сум дека разбираат точно што зборувам. Покачување на платите ќе добијат во март следната година, согласно колективниот договор. Во меѓувреме мора да го заживееме бизнисот и стопанството за да го полнат буџетот, за да можеме понатаму да ја покачуваме платата“, додаде Јаневска.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте