spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМСПДМ: Фатмир Сабриу, Државен Секретар на настан организиран од Фондацијата за демократија...

МСПДМ: Фатмир Сабриу, Државен Секретар на настан организиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер

Во пресрет на Меѓународниот ден на младите, Државниот Секретар Фатмир Сабриу учествуваше на важниот настан организиран од Фондацијата за демократија на Вестминстер (ВФД) со поддршка од Британската Амбасада. Темата на овој настан беше „Учество и доверба – трендови кај младите“, каде беа презентирани наодите од најновото истражување за социо-политичко учество на младите.

Во својот говор, Секретарот Сабриу ја истакна важноста на поддршката и вклученоста на младите во процесите на донесување одлуки. „Младите се лидерите и иноваторите на утрешнината. Државата мора да создаде средини каде што тие можат да ги изразат своите грижи и идеи,“ изјави тој.

Настанот имаше за цел да промовира активно учество на младите и да поттикне создавање инклузивни простори каде што нивниот глас ќе се слуша и почитува.

Извор: Министерство за социјална политика, демографија и млади

Прочитајте

МЗШВ: Полагање на испит за добивање на лиценца за ПРОЦЕНИТЕЛ за...

0
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година. Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот...