spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Постигнат е договор за спас на оризарите

МЗШВ: Трипуновски – Постигнат е договор за спас на оризарите

Македонија треба да биде горда на македонскиот ориз, на работата на земјоделците на оризовите полиња, на маката и трудот треба да и дадеме убава иднина. Вака денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство го започна разговорот со откупувачите на ориз.

На средбата присуствуваше и Васе Анакиев директорот на Државен инспекторат за земјоделство. Се разговараше за квалитетот, производната цена и иднината на македонскиот ориз. Преку темелна дискусија се постигна договор преку кој, откупните цени за крупните сорти на ориз ќе изнесуваат 35 денари за рандман од 40 проценти и за ситните сорти 30 денари за рандман од 40 проценти. Со напомена дека ова се цени на кои колку рандманот се зголемува така и цената ќе биде зголемена. Две илјади тони арпа треба да се откупат во наредните 30 дена.

Пред неколку месеци на наша иницијатива успеавме да го внесеме оризот како стратешка култура во стоковите резерви. Kако што веќе потенциравме, оваа мерка претставува гаранција за нашите оризопроизводители.

Оризот претставува една од најстарите житарици кои се одгледуваат во нашата земја. Затоа нашата цел е да ставиме акцент на препознатливиот квалитет на оризот кој важи за еден од најквалитетните во регионот потенцираше Министерот на средбата.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

МОН: Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

0
За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена...