spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗШВ: Трипуновски - Состојбата со Водостопанство ќе се подобри, приоритет се задоволни...

МЗШВ: Трипуновски – Состојбата со Водостопанство ќе се подобри, приоритет се задоволни вработени и земјоделци, вода мора да има за сите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска одржа средба со Филип Филиповски, нов главен извршен директор на АД Водостопанство и со Ромео Тренов, директор на Управата за Водостопанство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во текот на средбата се зборуваше за актуелната состојба во АД Водостопанство.

Двајцата директори се сложија дека состојбата во која што се наоѓа Водостопанство е тешка и сложена, но со посветена работа и заеднички напори ќе ја вратиме функционалноста на претпријатието.

„Приоритет ни е задоволни вработени и земјоделци. Поради неспособноста и незаинтересираноста на минатата власт страдаа земјоделците и нивните насади. Но, од денеска ќе се работи на подобрување на состојбата, вода за наводнување мора да има за сите“, рече Трипуновски.

Извор: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...