spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАХВ: Донесено Решение за безбедносни мерки во однос на болеста Чума кај...

АХВ: Донесено Решение за безбедносни мерки во однос на болеста Чума кај малите преживари

Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради  неповолната епидемиолошка  состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста  во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство  донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест. 

Се наредува зголемување на  нивото на претпазливост од страна на ветеринарните друштва ако забележат  симптоми на болеста и нивна обврска за задолжително пријавување на официјалните ветеринари и спроведување на клинички прегледи на одгледувалиштата со овци и кози со  земање на мостри за вирусолошко испитување на болеста.Обврска за пријавување на симптоми на болеста до ветеринарните друштва официјалните ветеринари имаат и одгледувачите на овци и кози  доколку забележат симптоми на болеста, особено фармите кои се наоѓаат во општините кои граничат  со регионите во Република Грција, а со Решението се  забранува трговија со приемчивите видови на болеста – овци и кози на добиточните пазари на целата територија на државава…

РЕШЕНИЕ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ВО ОДНОС НА БОЛЕСТА ЧУМА КАЈ МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ

Извор: Агенција за храна и ветеринарство

Прочитајте

Карпош: Две образовни институции се збратимија со основното училиште „Драго Миловиќ“...

0
Градоначалниците на збратимените општини Карпош и Тиват, Стевчо Јакимовски и Жељко Комненовиќ, вчера потпишаа меморандум за соработка во областа на образованието. Станува збор за...