Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради неповолната епидемиолошка состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест.
Се наредува зголемување на нивото на претпазливост од страна на ветеринарните друштва ако забележат симптоми на болеста и нивна обврска за задолжително пријавување на официјалните ветеринари и спроведување на клинички прегледи на одгледувалиштата со овци и кози со земање на мостри за вирусолошко испитување на болеста.Обврска за пријавување на симптоми на болеста до ветеринарните друштва официјалните ветеринари имаат и одгледувачите на овци и кози доколку забележат симптоми на болеста, особено фармите кои се наоѓаат во општините кои граничат со регионите во Република Грција, а со Решението се забранува трговија со приемчивите видови на болеста – овци и кози на добиточните пазари на целата територија на државава…
РЕШЕНИЕ ЗА БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ ВО ОДНОС НА БОЛЕСТА ЧУМА КАЈ МАЛИТЕ ПРЕЖИВАРИ