spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме

Мицкоски: Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме

Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат.

Има разлика.

Кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат.

Директорот Boban Nikolovski – Бобан Николовски ме извести дека Месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи.

За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Elena Petrova наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство.

Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање. 

Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот

#МакедонијаЗаТебе

Извор: Влада

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...