spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Турскиот амбасадор Фатих Улусој во посета на општината

Велес: Турскиот амбасадор Фатих Улусој во посета на општината

Во неофицијална посета на Велес пристигна турска делегација на чело со амбасадорот на Република Туркије во Македонија Фатих Улусој. Амбасадорот го придружуваа советникот и заменик амбасадор Мухамед Челикаја, советникот за верски работи Мустафа Бодур, советникот за трговија Синан Танроен  и преведувачот Танер Демирџи. Во име на градоначалникот Марко Колев, амбасадорот го пречекаа претседателот на советот на Општина Велес Даниел Јаневски и заменик градоначалникот Коста Нојков. Гостите го посетија Паркот Каршијака кој претставува мост на пријателството и соработката меѓу македонскиот и турскиот народ.  Во него е поставен и споменикот на таткото на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк.

Претседателот на Советот и турскиот амбасадор оценија дека пријателството и соработката на културно и економско поле меѓу Велес и збратимените градови Каршијака, Адалар и Чан треба да се интензивира со почеста комуникација, соработка и меѓусебна посета, како во времето пред Ковид кризата.

Амбасадорот Улусој беше запознат и со Интернационалниот фолклорен фестивал кој од неодамна е на мапата на светските фестивали, во кој секоја година учествуваат фолклорни ансамбли од Турција. Тој посака на следниот фестивал да бидат поканети фолклорни групи од збратимените градови а доби и покана да биде почесен гостин на 20 издание на фестивалот догодина.

Извор: Општина Велес

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...