Како градоначалник на општина Неготино ја информирам јавноста од општината и пошироко дека како локална самоуправа во рамките на расположливите средства финансиски ќе го помогнеме лекувањето на нашата млада сограѓанка Матеа Стаменова.
Матеа е 11 годишно девојче со здравствени проблеми и потребно е да и се изврши оперативен зафат во Бугарија кој чини 7.000 евра со дополнителни трошоци за постоперативно закрепнување.
Како градоначалник апелирам до сите поединци, фирми, установи и други кои што можат, да донираат средства и сите заедно да придонесеме за побрзо оздравување на Матеа Стаменова.
Извор: Општина Неготино