spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Втора акција на општината со Црвен крст, поддршка на граѓаните за...

Центар: Втора акција на општината со Црвен крст, поддршка на граѓаните за време на високите температури

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар повторно дели вода за граѓаните и минувачите на ул. „Максим Горки“, автобуските постојки на Рекорд и Џамбо, пред хотел Холидеј Ин и околу Зелениот пазар.

За време на жолто-портокаловата фаза и високите топлотни температури мора да бидеме внимателни и да ги следиме препораките. Ова е особено важно за повозрасните наши сограѓани и граѓаните со нарушено здравје.

Шишето вода може да спаси живот, затоа секогаш имајте го покрај вас!

Акцијата на општинскиот Црвен Крст Центар ќе трае се додека траат предупредувањата и препораките за заштита од високи температури.

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МОН: Повик до јавноста за учество во изработка на пет законски...

0
Министерството за образование и наука информира дека на владиниот ЕНЕР систем објавени се пет предлог закони од областа на образованието и јавноста може да учествува...