spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, ниту...

Мицкоски: Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, ниту сум се откажал, ниту пак ќе се откажам од реформи во правосудството 

Не сум се откажал, нити ќе се откажам се додека правосудството кај граѓаните ужива доверба од 2 проценти, се ќе направам, буквално се ќе направам што е во моја моќ да тие 2 проценти бидат барем во една година 12. Се ќе направам. Но тоа што е наш одговор во тој документ којшто вие го кажувате е одговор врз основа на важечките закони и Устав. Ние како Влада не можеме да излеземе надвор од важечкото законодавство и Устав“, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски апелираше до експертската јавност да достават предлог за да се врати довербата на граѓаните во правосудството.

„Дали сум се откажал? Ако добиеме подобар предлог за којшто, апелирам, молам еве ја користам оваа прилика, сите тие што беа против и од ЕУ и од експертската јавност, еве ве молам доставете, поминаа месеци ако не доставите тогаш доаѓаме до заклучокот дека вие намерно штитите институции коишто не се способни да обезбедат поддршка кај граѓаните поголема од 2 проценти, институции коишто не гарантираат владеење на правото, бидејќи 2 проценти кај граѓаните не е владеење на правото и институции коишто му служат некому, а не граѓаните. Како премиер, како претседател на Владата којшто добил, излегувајќи напред на чело на коалицијата, 450.000 граѓани на избори на оваа програма, ако не добијам подобар предлог не ми преостанува ништо друго освен тоа да тој предлог што погласно го промовирам и да ја вратиме довербата кај граѓаните“, подвлече премиерот.

Претседателот на Владата Мицкоски објасни дека доколку нема доверба во правосудството нема да има странски инвестиции, што ќе има големо влијание врз Буџетот на државата и животниот стандард на граѓаните.

„Основа на функционирање на оваа Влада е владеење на правото, тоа значи судии и обвинители коишто судат и обвинуваат согласно Закон и Устав, а не согласно партиски нарачки, од партиски штабови или други центри на моќ. Судии и обвинители коишто ќе гарантираат владеење на право и доверба кај граѓаните. Зашто? Затоа што ако немаме правна држава, нема да имаме ниту инвестиции, никој нема да сака да инвестира, ако немаме инвестиции ќе немаме пари во Буџетот, ако немаме пари во Буџет, многу едноставно, ќе нема пари ниту за реформи во образованието, ниту за реформи во здравството, ниту за повисоки плати, ниту за субвенции, ниту за оброк за младите, ниту за стипендии, ниту за нови студентски домови, ниту за медиумите, ниту за никого“, рече премиерот.

„Нема да штитам никого, немам концесија кон никого, треба тоа да го разберат сите и не се откажувам од ништо, само во случај ако добиеме подобар предлог“, соопшти премиерот и додаде:

„Ги повикувам нека не се кријат, позади комфорот на позициите коишто ги имаат, без разлика од каде доаѓаат, без разлика дали се претставници на меѓународна заедница, дали се домашни експерти. Дојдете подготвен сум да разговарам со сите вас, дајте предлог вака не иде, 2 проценти доверба кај граѓаните.

А тезата еве му ја свиткаа раката на Мицкоски па сега попушти е глупава теза. Ми ја виткаат раката 6 години, не сме имале ваков капацитет, таков капацитет па гледате дека се што кажаа ништо не излезе така. Доста од политиканство, народот од нас очекува дејства, да го направиме животот подобар, да правиме вакви објекти, да нема деца на листа на чекање, да има подобар стандард, да живеат подобро тоа го очекуваат. Сега дали ми ја свиткале, не ми ја свиткале, никој не може да ми ја свитка раката, голем сум фала му на Бога.“

Извор: Влада

Прочитајте

Илинден: Промовирана Монографија на Здружение на пензионери „Илинден“

0
Градоначалникот на Општина Илинден присуствуваше на промоција на првата Монографина на Здружението на пензионери „Илинден“, која е издадена под покровителство на Општина Илинден. Во ова...