Почитувани,
Општина Велес од денес 12.08.2024 година, започнува со градежни работи за „Реконструкција на ул. Димитар Влахов преку нов мост (без нов мост) до кружна раскрсница пред Стоковна куќа“, една од четири улици во лоша состојба предвидени за реконструкција.
Работите ќе ги изведува ДПГТТУ ФИЛИП ИНЖЕНЕРИНГ. Сообраќајот ќе се одвива согласно одобрен времен режим и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
Извор: Општина Велес