spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Реновирани простории на Институтот за Радиологија

МЗ: Реновирани простории на Институтот за Радиологија

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари и заменик министерот Јовица Андовски завчера ги посетија реновираните простории на Институтот за радиологија, кои се наоѓаат во објектот на Хируршки клиники.

-Реновирањето опфаќа обнова на подови, нови врати, прозори, односно комплетна обнова на просториите во објектот на Хируршки клиники. Вкупната инвестиција на Институтот за радиологија изнесува над 6 милиони денари, од кои 1.7 милиони денари се обезбедени со поддршка од Амбасадата на Народна Република Кина, посочи министерот Таравари.

Паралелно со осовременување на условите за третман на пациентите во оваа област, посебен фокус е ставен и на зајакнување на кадарот, како и на мотивирање и стимулирање што е можно повеќе доктори да специјализираат во областа на радиологија.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Иуте ја проширува понудата на платежни услуги, лиценцирајќи институција за електронски...

0
Естонската групација Иуте, под чијашто капа работи Иуте Македонија, го проширува својот обем на делување во делот на платежните услуги и издавањето на електронски пари,...