Согласно објавениот извештај на Центарот за граѓански комуникации за активната транспарентност на институциите, Општина Гази Баба оваа година има утврдена транспарентност во работењето од 91.3% со што општината се вбројува во институции со многу добра активна транспарентност.
Во 2021 година бележевме активна транспарентност од 79.7% и бевме вброени во категоријата институции со добра активна транспарентност.
Овој напредок е резултат на нашата отвореност кон граѓаните, јавноста и институциите.
Во следниот период ќе превземеме и дополнителни чекори за зголемување на транспарентноста во нашето работење.
Извор: Општина Гази Баба