spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Министерот Перински со Националниот демократски институт: Отворени и отпорни општини –...

МЛС: Министерот Перински со Националниот демократски институт: Отворени и отпорни општини – клуч за успешна борба против корупцијата

Министерот за Локална Самоуправа, Перински, денеска зборуваше со Роберт Скот Хејзлет, виш резидентен директор на Националниот демократски институт (НДИ) во земјава и Дејвид Сип, виш резидентен директор на проектот „Зајакнување на отпорноста на корупција“, за тоа како да ги направиме нашите општини поотворени и поотпорни на корупција.

Проектот кој ќе се спроведува во Куманово, Битола, Боговиње, Гази Баба, Струмица и Штип, е поддржан од Швајцарската програма за соработка.

Министерот Перински верува дека овие нови практики ќе донесат позитивни промени и ќе го подобрат животот на сите нас. Тој е подготвен за продолжување на соработката и постигнување на уште подобри резултати за сите граѓани.

Извор: Министерство за локална самоуправа

Прочитајте