Министерството за образование и наука информира за можноста македонските граѓани да учествуваат на 15-то издание на Меѓународниот саем за пронајдоци на Блискиот Исток- „IIFME 2025“ кој ќе се одржи во Кувајт од 16-19 февруари 2025 година, кој се организира во соработка со Меѓународната изложба во Женева.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на следнава е-маил адреса: iifme.kuwait@gmail.com
Условите и информации за аплицирање, дополнителни детали за учесниците и програма за меѓународниот саем може да се добијат на веб страната: http://www.iifme.com/