spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКичево: Оценета како најтранспарентната државна институција за 2024 година, постигнувајќи целосна...

Кичево: Оценета како најтранспарентната државна институција за 2024 година, постигнувајќи целосна активна транспарентност од 100%

Почитувани граѓани,

Со чувство на длабока одговорност, сакам да споделам со вас една добра вест. Според последниот извештај на соодветниот институционален орган: Центар за граѓански комуникации (Center for Civil Communications), Општина Кичево е оценета како најтранспарентната државна институција во целата Република Северна Македонија за 2024 година, постигнувајќи целосна активна транспарентност од 100%.

Овој успех не е само бројка, туку е плод на нашата заедничка работа, посветеност и визија за отворено, транспарентно и граѓански ориентирано управување. Да се биде на прво место по транспарентност е доказ за нашата работа и воедно голема чест, а истовремено и обврска да го зачуваме и дополнително зајакнеме овој стандард. Ова достигнување потврдува дека Кичево е модел за целата држава, општина каде граѓаните секогаш се во центарот на одлучувањето.

Со вашата посветеност и соработка, ќе продолжиме да го направиме Кичево подобро место за сите.

Ви благодарам за вашата доверба и поддршка!
Со почит

Visual Portfolio, Posts & Image Gallery for WordPress

Извор: Општина Кичево

Прочитајте

МЗШВ: Полагање на испит за добивање на лиценца за ПРОЦЕНИТЕЛ за...

0
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година. Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот...