Денес, се одржа видео Глобален самит во организација на Република Индија, под наслов „The 3rd Voice of Global South Summit 2024“ на кој учествуваа повеќе земји од светот.
Самитот на тема „Youth Engagement for a Better Future“ го отвори Претседателот на Владата на Република Индија, г-н Нарендра Моди, кој во своето обраќање зборуваше за улогата на младите во насока на подобрување на состојбата во општеството.
Како учесник на самитот, министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за Ромите 2022-2030, д-р Шабан Салиу, имаше чест да се обрати и во својот видео говор, меѓу другото, истакна:
„Младите во Македонија се одлични претприемачи, негувајќи го активизмот и иновациите за подобра иднина за сите. Меѓу нив се и младите од нашата ромска заедница, кои продолжуваат да не’ инспирираат со својата упорност и страст и покрај бариерите со кои се соочуваат. Тие не’ потсетуваат дека вистинскиот напредок значи создавање можности за секој млад човек, без разлика на потеклото, етничката припадност или околностите.
Верувам дека мојата должност, а всушност и должност на секоја влада, е да се погрижиме младите да не бидат само учесници во нашето општество туку да бидат во срцето на процесите на донесување одлуки.
Ова не е само прашање на политика – ова е прашање на принцип. Мораме да инвестираме во образовни системи што ќе ги опремуваат нашите млади со вештините што им се потребни за иднината и мора да создадеме инклузивни економии каде што сите млади луѓе, вклучително и оние од маргинализираните заедници како Ромите, ќе можат да напредуваат- рече Салиу.
Салиу ја истакна потребата владите на сите држави во светот, меѓународните организации и граѓанското општество – да градат партнерства меѓу нациите и културите, за подобро утре на сите.
Извор: Влада