spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Благодарници за поддршката и афирмацијата на Македонистиката

Охрид: Благодарници за поддршката и афирмацијата на Македонистиката

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ оваа година на Општина Охрид, на градоначалникот Кирил Пецаков и на претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски им додели благодарници „Синергии“, како лична и институционална благодарност за драгоцената поддршка и афирмација на македонистиката.

Благодарниците ги врачи ректорката на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова во рамки на свеченото отворање на 57-то издание на Летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура што се одржа денеска во Конгресниот центар во Охрид. Во името на градоначалникот Кирил Пецаков, овие високи признанија ги прими претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски. Благодарниците се доделуваат во знак на вреднување на долгогодишната соработка помеѓу Општина Охрид и Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Во рамки на свеченото отворање на овогодинешната летна школа се обратија претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, министарката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцински, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Биљана Ангелова и директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Кристина Николовска.

Годинава, на 57. Летна школа учествуваат 65 странски македонисти, од 17 земји.

Во рамки на летната школа на 30-ти август 2024 година ќе започне 51. Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ. Оваа година конференцијата ќе одбележи три јубилеи: „150 години од раѓањето на Крсте Мисирков“, „95 години од раѓањето на Гане Тодороски“ и „90 години од раѓањето на Петре М. Андреевски“.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЖСПП: Состанок со АДКОМ за проблемот со побарувањата на ЈКП

0
Заменик министерката за животна средина и просторно планирање Ане Лашкоска присуствуваше на состанокот со Здружението на даватели на комунални услуги – АДКОМ на кој...