spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Културната дејност претставена пред учесниците на Семинарот за Македонски јазик, литература...

Охрид: Културната дејност претставена пред учесниците на Семинарот за Македонски јазик, литература и култура

Целокупната дејност, тековните активности и континуираните  проекти на Општина Охрид во повеќе области од културата, беа претставени вчеравечер пред учесниците на 57-та Летна школа на Семинарот за Македонски јазик, литература и култура, што се одржува во Охрид.

Свое обраќање пред семинаристите имаше претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски.

Охрид е нашата гордост, највредниот културен и историски бисер, лулка на писменоста, центар на духовноста и местото каде што минатото, сегашноста и иднината се испреплетуваат во една хармонична целина. Токму оттука произлегува нашата обврска, да ги чуваме, вреднуваме и промовираме неговите непроценливи богатства и да ги оставиме како аманет за новите генерации.

Почитувани  учесници на 57-та летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик и литература, ценети професори и гости.

Како македонист, како голем почитувач на нашиот јазик и култура и секако како претседател на Советот на Општина Охрид, ми претставува особена чест и задоволство да говорам денеска пред вас и да ја претставам културната дејност на Општина Охрид.

Но пред за започнам, би сакал во мое лично име и во името на Локалната самоуправа уште еднаш да упатам голема благодарност за признанието „Синергии”, кое на нашата општина и беше доделено вчера, во знак на поддршка и афирмација на македонистиката и континуиранатасоработка со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура.

Почитувани,

Македонскиот јазик и неговите корени се длабоко поврзани со богатото културно наследство на овој регион, почнувајќи од просветителската дејност на нашиот Свети Климент Охридски, преку творештвото на Григор Прличев, Живко Чинго, Ванчо Николески и многу други роднокрајни автори, преродбеници, писатели и поети, кои оставиле длабок печат во целокупниот развој на македонскиот јазик и литература.

Оваа вредна книжевна дејносткоја се одвивала низ вековите, тука на брегот на прекрасното Охридско Езеро е една од главните основи на сето она што Општина Охрид го прави денес во областа на културата, уметноста и литературата.

Свесни за својата историска и културна одговорност, преку низа активности, вложувања и поддршка на бројни проекти и манифестации, со огромна посветеност, се трудиме да го чуваме и промовирамебогатото наследство, да го афирмираме македонскиот јазик, како во земјата, така и надвор од нејзините граници.

Во Охрид се одржуваат бројни културни настани кои го негуваат и прославуваат културното наследство на нашата заедница.Особено е важна иницијатива за одбележување на значајните личности и празници, со што се пренесува нивната вредност и значење на младите.

Општина Охрид е постојан поддржувач на бројни манифестации кои ја збогатуваат културната понуда на нашиот град и ги инспирираат граѓаните да се вклучат и да придонесат за општеството.

Тука посебен акцент би сакал да ставам на литературната дејност. Под покровителство на Општина Охрид, во последните неколку години беше издадена едиција од десет книги, посветени на истакнати писатели и важни историски личности за Охрид и Македонија. Овааедиција е гордост за нашиот град, сведоштво за нашата посветеност на зачувувањето и промовирањето на македонската литература и историја.

Во овој момент можам со задоволство да објавам дека едицијата ќе продолжи да се збогатува со нови изданија, кои ќе претставуваат уште еден влог во нашето културно наследство.

Охрид со сето она што го поседува и со сето значење кое го има за Македонија, нашиот иденитет и јазик, заслужуваи многу повеќе. Нашатаобврска е да продолжиме да вложуваме во неговиот културен развој, да ги поддржуваме уметниците, писателите, историчарите и сите оние кои даваат придонес на ова поле. Во таа насока, ОпштинаОхрид ќе продолжи да работи неуморно, со визија за уште поголеми и позначајни културни проекти во иднина.

Ви благодарам на вниманието и во мое лично име и во името на градоначалникот Кирил Пецаков ви посакувам пријатен престој во Охрид, истакна Божиновски во своето обраќање.

Како дел од претставувањето на Општина Охрид беше одржана и детална презентација на Програмата за работа на Одделението за култура во која спаѓаат: Програмата за одбележување празници, манифестации, годишнини и јубилеи на значајни настани и личности за Охрид; Програмата за одбележување на личности и настани кои се од особено значење за општината со споменици и спомен – обележја; Програмата за културни манифестации и творештво и Програмата за сите деца – Културата расте со децата.

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЕТ: Министерот Дурмиши дел од „Зајакнување на идните генерации: Улогата...

0
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на еднодневната конференција, насловена „Зајакнување на идните генерации: Улогата на економското образование во одржливиот развој“, што...