Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува да работи со интензивно темпо, пришто извршено е асфалтирање на улица „5“ во Стопански комплекс Илинден.Во рамки на градежните работи извршена е изградба и асфалтирање на улицата во должина од околу 110 метри.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во работните активности на терен и истакна дека изградбата на оваа улица е од големо значење за секојдневното функционирање на локалните компании кои гравитираат во тој дел на економската зона. Целосната инвестиција за реализација на овој проект е со средства од буџетот на Општина Илинден.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со инвестиции за подобрување на локалната патна инфраструктура се со цел да им се овозможи подобри и поквалитетни услови за живеење.
Извор: Општина Илинден