spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Јаневска се сретна со германската амбасадорка Дрекслер

МОН: Јаневска се сретна со германската амбасадорка Дрекслер

Воведувањето на концептот на дуалното образование по германски терк во Македонија е успешна приказна која продолжува да се развива. Ова е проект кој системски ќе се уреди со новиот Закон за стручно образование и обука кој е во изработка, а значително помогна за популаризација на средното стручно образование и зголемување на бројот на ученици во средните стручни училишта, но и за создавање на добро подготвени нови генерации кои полесно се вклучуваат на пазарот на трудот.

Оваа тема беше во фокусот на денешната средба помеѓу министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и амбасадорката на С.Р. Германија во Скопје, Н.Е. Петра Дрекслер, на која се разговараше и за можностите за проширување на успешната соработка во периодот што следи.

 „Постои голем интерес за продлабочување и проширување на соработката на нашата земја со Германија, особено и во областа на високото образование каде размислуваме и би можеле да го имплементираме концептот на учење преку работа по истиот принцип како во средното образование. А секако, од особена важност ни е да ги поврземе и нашите научно – истражувачки институции со тамошните, заради реализација на заеднички проекти и размена на искуства кои ќе придонесат за развојот на нашето општество во целина“, рече министерката Јаневска.

Таа ја информираше амбасадорката Дрекслер за тековните активности кои Министерството за образование и наука ги спроведува во насока на унапредување на квалитетот на националниот образовен систем на сите нивоа, посочувајќи дека една од поважните капитални инвестиции е реконструкцијата на државните студентски домови која се реализира со поддршка од Германската развојна банка. На средбата се дискутираше и за наставата по германски јазик во македонските училишта, на чие унапредување и двете страни ќе бидат фокусирани во следниот период.

Извор: Министерство за образование и наука

Прочитајте

АХВ: МТВ -Тема на денот: Каква е опасноста по појавата на...

0
Македонска телевизија: Каква е опасноста по појавата на птичји грип? Гостин во Тема на денот на јавниот сервис професор Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна...