spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: КЗБ - Почитување на мерките за превенција од респираторни инфекции

МЗ: КЗБ – Почитување на мерките за превенција од респираторни инфекции

Комисијата за заразни болести на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните за почитување на општите мерки за превенција од респираторни инфекции:

  • Да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории
  • Редовно проветрување на просториите
  • Почесто миење раце
  • Избегнување близок контакт со заболени лица

За потсетување – вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста.

На состанокот, комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа.

За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку паиентот има симптоми карактеристични за ковид.

Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Велес: Известување

0
Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да...