spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Отворен „Детски летен камп 2024“

Илинден: Отворен „Детски летен камп 2024“

На кошаркарското игралиште во Марино вчера беше отворен „Детскиот летен камп 2024“ во организација на Студио МАРБАЛ а со поддршка на Општина Илинден. Кампот е отворен за сите дечиња на возраст од 6 до 14 години да се дружат и забавуваат во сите предвидени содржини.

На отворањето на кампот присуствуваше и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, а денешниот ден помина во одлична забавна атмосфера, каде дечињата се дружеа, играа и се забавуваа.

Дечињата ќе имаат можност да се дружат следните две недели, односно до 31 август во деновите вторник, четврток и сабота со почеток во 18 часот.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...