spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Поставени мерачи за мерење на квалитетот на воздух

Илинден: Поставени мерачи за мерење на квалитетот на воздух

Во рамки на активностите за следење и мониторирање на квалитетот на амбиенталниот воздух на територија на Општина Илинден, на пет локации  поставени се посебни уреди за мерење на квалитетот на воздухот.

Мерните уреди се поставени на јавни општински установи во населените места Илинден, Марино, Кадино, Бунарџик и Миладиновци. Тие претставуваат посебни сензори кои детектираат промени на амбиенталниот воздух и преку апликацијата Breathe.mk, се овозможува пријавување на загаденоста на воздухот, поднесување на извештаи за степенот на загаденост на воздухот, со датум, време, локација во живо, ниво на загадувањето што може да се почувствува и др.

На овој начин секоја промена на воздухот ќе биде регистрирана и ќе се овозможи да се лоцира изворот на загаденоста на воздухот.  Овој проект е реализиран во соработка помеѓу Општина Илинден и Здружението за заштита на животната средина ЗАЕДНО ЗА ПРОМЕНА Скопје.

Овој проект е согласно Стратешкиот план за развој на Општина Илинден и неговата реализација ќе овозможи да се следат параметрите на квалитетот на воздух во пресрет на престојната грејна сезона која загадувањето на воздухот е повеќекратно зголемено над дозволената граница и да превземе одредени мерки и активности.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МЗШВ: Полагање на испит за добивање на лиценца за ПРОЦЕНИТЕЛ за...

0
Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит заради добивање на лиценца за процена на необработен тутун ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО со 30 септември 2024 година. Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот...