spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Поставени мерачи за мерење на квалитетот на воздух

Илинден: Поставени мерачи за мерење на квалитетот на воздух

Во рамки на активностите за следење и мониторирање на квалитетот на амбиенталниот воздух на територија на Општина Илинден, на пет локации  поставени се посебни уреди за мерење на квалитетот на воздухот.

Мерните уреди се поставени на јавни општински установи во населените места Илинден, Марино, Кадино, Бунарџик и Миладиновци. Тие претставуваат посебни сензори кои детектираат промени на амбиенталниот воздух и преку апликацијата Breathe.mk, се овозможува пријавување на загаденоста на воздухот, поднесување на извештаи за степенот на загаденост на воздухот, со датум, време, локација во живо, ниво на загадувањето што може да се почувствува и др.

На овој начин секоја промена на воздухот ќе биде регистрирана и ќе се овозможи да се лоцира изворот на загаденоста на воздухот.  Овој проект е реализиран во соработка помеѓу Општина Илинден и Здружението за заштита на животната средина ЗАЕДНО ЗА ПРОМЕНА Скопје.

Овој проект е согласно Стратешкиот план за развој на Општина Илинден и неговата реализација ќе овозможи да се следат параметрите на квалитетот на воздух во пресрет на престојната грејна сезона која загадувањето на воздухот е повеќекратно зголемено над дозволената граница и да превземе одредени мерки и активности.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

МОН: Јаневска – Со измените на Законот за основно образование се...

0
Апсолутно сме против секаков вид на дискриминација во образованието, рече министерката Весна Јаневска во неделното интервју за радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето поврзано...