Општина Сопиште како еколошки одговорна општина продолжува со проектот селектирај и рециклирај одговорно. Проектот вклучува селекција а потоа и рециклирање на комунална пластика од страна на домаќинствата, во соработка со ЈКП- Сопиште.
Во овој проект се опфатени во целост населените места Сопиште, Ракотинци и Добри Дол а веќе почнува да се спроведува и на територијата на Долно Соње. Проектот предвидува доделување на дополнителна 120 литарска канта за пластика на секое индивидуално домаќинство кое има склучено договор за собирање и транспортирање на комунален отпад.
Продолжуваме и во другите населени места со однапред утврдена динамика.
Извор: Општина Сопиште