spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСвети Николе: ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата...

Свети Николе: ЈАВЕН ПОВИК до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  “ОКО сервис 11 (Општествено корисна општина)” за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци  заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Свети Николе.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9 (девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години);

– млади лица до 29 години и

– лица постари од 50 години.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1Образовен асистент за деца со попреченост во редовно средно образование во  СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање во  СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе

– Пружење помош и поддршка на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата;

– Пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

– Соработка со заедницата;

– Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот.

Позиции за работно место 1:  1 позиција  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 1: емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Свети Николе, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, Специјален едукатор и рехабилитатор, педагог, психолог,социјален работник,социјален и рехабилитациски педагог , со завршено VII/1 степен, т.е  VI  A според македонската рамка на квалификации  МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условит за наставник во одделенска настава (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС),како и лице наставник во предметна настава  (VII/1  степен, т.е  VI  A според МРК или 240 ЕКТС).

Работно место 2Личен асистент  за деца со попречености во редовно средно образование во  СОУ „Кочо Рацин“ Свети Николе со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање

– Пружење помош и поддршка на учениците и нивна придружба за  време на наставниот процес и олеснување во надминување на физичките пречки за време на наставата.

– Пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности во делот на надминување на физички пречки и олерснување на пристапнасто за следење на наставата;

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

– Соработка со заедницата;

– Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;

Позиции за работно место 2:  1 позиција  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Свети Николе, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, со Завршено средно образование.

Работно место 3Фасилитатор за поддршка во редовно основно образование во  ООУ „Даме Груев“ с.Ерџелија, Свети Николе со следниве работни задачи:

– Четиричасовно дневно ангажирање во  ООУ „Даме Груев“ с.Ерџелија

– Носење на ученикот во училиште и враќање во домот по завршување во училиштето, учење на секојдневните навики, хигиенски навики, креирање на воннаставни активности со детето по завршување на часовите и сл.

– Пружење помош и поддршка на учениците и нивна придружба по завршување на наставниот процес и олеснување во надминување на физичките пречки по завршување на наставата.

– Помош и подршка на родителите преку соработка со истите;

– Соработка со заедницата;

– Соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;

Позиции за работно место 3:  1 позиција  

Потребни квалификации и занимања за Работно место 3: Основно познавање на работа со компјуер, тимска работа, комуникациски вештини, со или без работно искуство во струката, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување – Свети Николе, лицето да припаѓа на една од целните групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, со Завршено средно образование.

Заинтресираните невработени лица, Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе во периодот од 14.08.2024 година до 21.08.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Свети Николе  и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Свети Николе кај лицето Ивана Димитрова, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Свети Николе,  кај лицето Благица Тодоровска,  Центар за социјлна работа Свети Николе кај лицето Даниела Давиткова.

Извор: Општина Свети Николе

Прочитајте