spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаЗаменик на претседателот на Владата Фетаи оствари средба со Австрискиот амбасадор Памер

Заменик на претседателот на Владата Фетаи оствари средба со Австрискиот амбасадор Памер

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска беше домаќин на амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер, придружуван од заменик-шефот на мисијата, г. Матијас Хуменбергер.

На средбата г-дин Фетаи се заблагодари на амбасадорот Памер за незаменливата поддршка од Австрија за нашата земја, особено во контекст на процесот на интеграција во ЕУ, реформата на јавната администрација и борбата против корупцијата.

Меѓу другото на средбата, стана збор за приоритетите на Владата во однос на владеењето на правото и зголемувањето на институционалната транспарентност, како суштински елементи за ефикасна борба против криминалот и корупцијата. Амбасадорот Палмери вети билатерална поддршка преку Австриската агенција за развој за одредени проекти во имплементацијата на владините приоритети со цел подобрување на управувањето и отчетноста.

Извор: Влада

Прочитајте

МЗ: Нова Медицинска опрема во КБ Битола

0
Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари ја посети Клиничката болница во Битола по повод обезбедена нова медицинска опрема за унапредување на третманот на пациентите. Продолжуваме...