spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЕП: Средба на министерот Муртезани со турскиот амбасадор Улусој

МЕП: Средба на министерот Муртезани со турскиот амбасадор Улусој

Традиционално силните и пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција беа потврдени денеска на средбата меѓу министерот за европски прашања Орхан Муртезани и амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Фатих Улусој.

На состанокот се потенцираше одличната билатерална проектна соработка што се одвива преку Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), која што има широк спектар на активности и обезбедува континуирана поддршка во социјално-економскиот развој на нашата земја преку многубројните реализирани проекти, значајни поради нивната флексибилност и ориентираност кон резултати во областите на образованието, здравството, административната и социјалната инфраструктура, транспортот и земјоделството.

Соговорниците ја реафирмираа подготвеноста за продлабочување на оваа соработка од двете страни, надградувајќи ја цврстата основа на меѓусебното почитување што ги дефинира односите меѓу Северна Македонија и Турција.

Извор: Министерство за европски прашања

Прочитајте

МОН: Јаневска – Оптимизација на училишната мрежа за поквалитетно образование...

0
Една од основните стратешки цели на Владата е да изгради поквалитетен образовен систем и за оваа намена планирано е зголемување на буџетските средства. Но,...