spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Објектот „Лале“ по 40 години добива реновирани јаслени занимални

Аеродром: Објектот „Лале“ по 40 години добива реновирани јаслени занимални

В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети објектот „Лале“ којшто е дел од детската градинка „Срничка“, а кој по цели 40 години добива комплетно реновирани јаслени занимални.

Станува збор за три простории каде што се поставуваат нови антибактериски подови за поголема заштита и безбедност на здравјето на дечињата.

Исто така, неодамна овој објект доби нова енергетско-ефикасна фасада, а парцијално се работи на набавка на нов мебел, како и реноворање и на други занимални на долниот кат од „Лале“, со што децата во наредниот период  ќе добијат подобри услови за престој и правилен раст и развој.

Извор: Општина Аеродром

Прочитајте