spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Илинден: Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата и на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бујковци.

Во рамки на реконструкцијата целосно ќе биде обновен асфалтниот слој, ќе биде поставено лед осветлување, заштитна ограда, а ќе бидат поставени нови голови, клупи, корпи за отпадоци, просторот ќе биде партерно уреден, со што ќе се добие комплетно нов лик на овој спортски терен во Бујковци.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид во почетокот на работните активности на фудбалското игралиште, пришто истакна дека со реконструкцијата на игралиштето младите и од ова населено место ќе добијат комплетно реконструиран и убаво уреден простор каде во спортски дух ќе го поминуваат слободното време. Тој додаде дека средствата за реализација на овој проект се целосно обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

Мицкоски за 23ти Октомври – Овој ден да го славиме сите,...

0
Почитувани дами и господа, драги пријатели,  Денес сме овде да го одбележиме државниот празник 23ти Октомври. Дојдени сме овде да го одбележиме денот на Македонската Револуционерна...