spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака

Илинден: Изградба на нова линија за фекална канализација во Јака

Општина Илинден и ЈКП „Водовод“- Илинден започнаа со изградба на нова линија за фекална канализација во населба Јака,  во вкупна должина од околу 300 метри, а со изградбата на фекалната канализација  ќе бидат опфатени сите домаќинства од тој дел на Општината. Со изградбата на оваа линија 95% од населбата ќе биде покриена со фекална канализација. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 250.

Увид во работните активности направија градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод” – Илинден, Ивица Трипуновски.

Според градоначалникот Георгиевски, со изградбата на фекалната канализација во населба Јака, се решава долгогодишниот проблем со кој се соочуваа граѓаните од тој дел на општина Илинден.

-Инвестирањето во комуналната инфраструктура е од огромно значење за локалниот економски развој, како и унапредувањето и заштитата на животната средина со што се овозможува подобрување на квалитетот на живеењето во општина Илинден. Вложувањата во комуналната инфраструктура е од стратешко значење за Општина Илинден, истакна градоначалникот Георгиевски.

Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да работи на обезбедување на квалитетна комунална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во локалната заедница.

Извор: Општина Илинден

Прочитајте

АХВ: МТВ -Тема на денот: Каква е опасноста по појавата на...

0
Македонска телевизија: Каква е опасноста по појавата на птичји грип? Гостин во Тема на денот на јавниот сервис професор Игор Џаџовски од Факултетот за ветеринарна...