Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по
вработен во јуни 2024 година, во однос на јуни 2023 година, изнесува 114.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен
во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (24.6 %), Административни и помошни услужни
дејности (22.9 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (19.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано
во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21.1 %), Трговија на големо и трговија на мало;
поправка на моторни возила и мотоцикли (5.4 %) и Административни и помошни услужни дејности (4.5 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2024 година, изнесува 41 939 денари.
Преземи го соопштението во целост
Податоците во објавеното соопштение се бесплатни. При користење, ве молиме наведете го изворот.
За подетални информации јавете на:
контакт тел: +389 2 3295 666
е-пошта: press@stat.gov.mk
Извор: Државен завод за статистика