spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаМицкоски: Мајка Тереза е нишката која ги поврзува сите кои живееле на...

Мицкоски: Мајка Тереза е нишката која ги поврзува сите кои живееле на овие простори, да го следиме нејзиниот пример на хуманост и добрина

Драги пријатели, 

Почитувани гости,

Дами и господа,

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на денешен ден 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија.

Мајка Тереза често велеше „Сепак, не јас, туку Христос живее во мене“. Таа претставува синоним за сето добро, благородно, чесно за тоа како од срце искрено се помага на оние на кои помошта им е најмногу потребна. Таа беше често именувана како светица на сиромаштијата и сиот свој живот им го посветила на невините жртви на насилството, на оние кои умираа низ улиците, на болните од лепра и од сида. Таа живееше едноставно, како за време на животот, така и по нејзината смрт – остана синоним за доброто во светот. За Мајка Тереза стана добитник на бројни признанија и награди за исклучително хумано ангажирање во згрижувањето на најсиромашните од сиромашните, поради што ја доби и Нобеловата награда за мир. 

Таа почина на 5 септември 1997 година, во Куќата на милосрдието што таа ја основа во Калкута. Крајот на животниот пат на еден од најголемите алтруисти на столетието ги трогна сите, најмногу оние кои ги почувствувале хуманоста и бенефициите од нејзините активности – гладните, бездомниците и болните. Таа беше скопјанка која поголемиот дел од животот го помина во Индија, во земјата која е втора по бројот на жители во светот и седма по географска големина чиј главен град е Њу Делхи. Како дом на прастарата цивилизација на индиската долина и област на историските трговски патишта и пространите империи, индискиот потконтинент бил идентификуван со своите комерцијални и културни богатства во поголемиот дел од својата долга историја.

Денес Мајка Тереза му припаѓа на светот. Нејзиниот живот не познаваше граници, ниту разлики и таа обединуваше различни култури, различни луѓе и народи. Таа е и најдобриот мост на поврзување денес и во местото од каде потекнува Скопје. Таа е нишката која ги поврзува Македонците, Албанците и сите кои живееле на овие простори, но и пример кога срце полно со љубов е спремно за големи подвизи и победа над сите предрасуди и препреки. 

Да извлечеме поуки од оваа голема Скопјанка и хуманиска, да се почитуваме едни со други, да споделуваме грижа, да ги помагаме обесправените, угнетените и сиромашните. 

Да го следиме примерот на Гонџа која го менуваше светот. Само така ќе обезбедиме иднина за сите. 

Нека е вечен споменот за Мајка Тереза

Извор: Влада

Прочитајте