spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМП: Демант на прилогот кој се емитуваше во вестите на ТВ ТЕЛМА

МП: Демант на прилогот кој се емитуваше во вестите на ТВ ТЕЛМА

Почитувани,

Во врска со информацијата која  ја објавивте вчера (25.08.2024) во вашите информативни изданија  каде  се наведува дека Министерството за правда има најголем долг од сите министерствата од околу 6 милиони евра, ве информираме дека истата не е точна.

Обврските на Министерството за правда кои беа објавени од Ваша страна се превземени  од ЕСПЕО системот со состојба  30 јуни и се однесуваат на  редовното финансирање на политичките партии за 2023 година во  износ од 386.602.809,00 денари  и 1.131.850,00 денари недоспеани обврски.

Притоа, 98% од салдото на доспеаните обврски или 379.214,295,00 денари веќе беа  книжени на расходно конто 463170- Трансфери до политички партии , креирани на 20 јуни 2024 година а платени на 4 јули 2024 во  износ од 379,214.295,00 денари. Останатите 8.520.364, 00 денари беа  редовни тековни обврски кои се плаќаат согласно рок на доспеаност.

Доколу ги анализирате состојбите на обврските на Министерството за правда  пријавени во ЕСПЕО системот на 31 јули ,ќе утврдите дека се јавува салдо од 89.241.261,00 денари доспеани обврски и 516.335,00 денари недоспеани обврски. Од нив, 95%  или 85.577.296,00 денари  повторно се однесуваат на расходно конто 463170 – Трансфери до политички партиии и  истите се процесуирани за плаќање по усвоениот ребаланс на буџетот а  останатите 4.180.301,00 денари се редовни обврски кои се процесуираат тековно.

Извор: Министерство за правда

Прочитајте

Велес: Известување

0
Поради реконструкција на партерното уредување на улица „Андон Шурков“ и реконструкција на паркингот,  се информираат граѓаните кои живеат на тој дел од градот, да...