spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Се опремува првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен...

МЗ: Се опремува првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, заедно со амбасадорот на Република Бугарија, Ангел Ангелов, и градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојковски, денес го посетија објектот, каде ќе биде сместен првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар, чија реконструкција е во тек.

Проектот се реализира во соработка со Амбасадата на Бугарија. Во него ќе бидат ангажирани стручни лица – мултидисциплинарен тим, кој опфаќа детски и адолесцентен психијатар, психолог, специјален едукатор и рехабилитатор, логопед, физиотерапевт и негуватели.

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте