spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Состанок со PwC Македонија

УЈП: Состанок со PwC Македонија

Соработката и дебатата со експертските организации е важен инпут за даночната усогласеност.

Во оваа насока се движеше вчерашниот состанок кој се оддржа помеѓу Управата за јавни приходи и претставници од PwC Македонија. На состанокот се констатираше дека институциите имаат многу заеднички теми за дискусија кои ќе придонесат за конзистентно разбирање и примена на даночната регулатива и превенирање на грешки кои може да резултираат со непресметани и неплатени даноци. Бенефитот од соработката со ревизорските куќи е и можност Управата за јавни приходи да добива повратни информации од “теренот” за процедурите и услугите на УЈП.

Управата за јавни приходи во следниот период ќе постави соработка со сите ревизорски куќи и други експертски организации во соодветна рамка која, меѓудругото, ќе обезбеди доверливост на податоците за поединечни даночни обврзници и постапки (даночна и деловна тајна).

Извор: Управа за Јавни Приходи

Прочитајте

Велес: Општината ќе добие ново Јавно Осветлување

0
Општина Велес ќе добие ново јавно осветлување. Старите светилки ќе бидат заменети со нови паметни лед светилки. Македонски Телеком е носител на договорот за...